Реал Мадрид будно ја следи ситуацијата со Хари Кејн, има интерес и за Лукаку

фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Шпанскиот и европскиот шампион Реал Мадрид внимателно ја следи ситуацијата со голгетерот на Тотенхем, Хари Кејн, додека „кралевитеА“ се обидуваат да го засилат својот напад ова лето, тврди „Дејли Мејл“.

Од друга страна, Тотенхем сака да го задржи својот напаѓач и е подготвен да му понудат нов договор. Важечкиот истекува на 30 јуни 2024 година. Лондончани не сакаат да го загубат Кејн, особено доколку менаџерот Антонио Конте замине на лето, но Тотенхем добро ја знае желбата на фудбалерот да освојува трофеи.

Се верува дека за 29-годишниот капитен на Англија се заинтересирани и Манчестер јунајтед и Баерн Минхен.

Во меѓувреме, Реал Мадрид се очекува да ги договори условите со својот 35-годишен капитен Карим Бензема за нов едногодишен договор и исто така продолжува да ја следи ситуацијата со Килијан Мбапе од ПСЖ.

Истиот извор пренесува и дека напаѓачот на Челси, Ромелу Лукаку би можел да го облече дресот на мадридскиот гигант.

Потсетување дека Белгиецот е на позајмица во Интер од Челси, а извршниот директор на миланските „нераѕури“ пред неколку потврди дека напаѓачот ќе се врати во премиерлигашкиот клуб на крајот од сезоната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот