Разврска за разорната експлозија во Бејрут: Обвиненија против либански функционери од царината

Фото: EPA-EFE/WAEL HAMZEH

Либанскиот државен обвинител Гасан Кури денеска поднесе обвиненија против сегашни и поранешни царински службеници во Бејрут во врска со разорната експлозија што ја погоди либанската престолнина во август, објави либанската државна новинска агенција ННА.

Обвиненијата се поднесени против претставниците на царината во Бејрут, Хани Хај Шехадех и Муса Хазимех, поранешен директор на царината во Бејрут, за кого медиумите тврдат дека е наводно „главниот контакт” на Хезболах во пристаништето на либанската престолнина.

Тони нитрат експлодираа во пристаништето во Бејрут – гувернерот низ солзи говори за „најголемата национална катастрофа“ (ВИДЕО)

Хазимех, наводно, бил лице за контакт на Хезболах пред повеќе од шест години кога нелегално биле складирани 2.750 тони високо запалив амониум нитрат во пристаништето во Бејрут, за што се верува дека довело до катастрофалната експлозија во која загинаа над 200 лица.

Позната причината за експлозијата во Бејрут: 2.750 тони амониум нитрат биле складирани небезбедно цели шест години (ВИДЕО)

Либанската агенција наведува дека со обвинението против Шехадех и Хазимех, бројот на лица против кои се води постапката за експлозија е зголемен на 33, од кои 25 се наоѓаат во притвор.

На 4 август, во експлозијата на магацинот во кој имало амониум нитрат, загинаа повеќе од 200 лица, повредени беа илјадници граѓани на Бејрут, додека на либанскиот главен град беше предизвикана материјална штета од неколку милијарди долари.

Штетата од експлозијата во Бејрут е над 15 милијарди долари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот