Позната причината за експлозијата во Бејрут: 2.750 тони амониум нитрат биле складирани небезбедно цели шест години (ВИДЕО)

Бејрут, Либан / 4 август 2020 / Фото: EPA-EFE / NABIL MOUNZER

Причината за големата експлозија во која загинаа над 100 лица, а 4.000 се повредени во Бејрут се најверојатно над 2.750 тони амониум нитрат, кои биле чувани во магацин за пиротехника во градот.

Тој во магацините бил складиран уште од 2014 година, меѓутоа никој не го проверувал шест години.

СТРАОТНИ СНИМКИ ОД БЕЈРУТ, небото се затемни, луѓето преплашени: Најмалку 30 загинати и повеќе од 500 повредени (ВИДЕО)

 

Претседателот Мишел Аун, на Твитер напиша дека „не може да прифати што 2.750 тони амониум нитрат бил складиран небезбедно цели шест години“ и бил темпирана бомба.

Амониум нитрат не се продава на пазарот, бидејќи се употребува за правење на експлозиви и полнење на гранати, но и за огномети.

Огромна трагедија: Во експлозијата во Бејрут загинаа над 100 лица, а повредени се повеќе од 4.000 (ГАЛЕРИЈА)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот