Развојот на овие видови рак може да биде причина за губење на апетитот

Фото: Karolina Grabowska / Pexels

Без разлика дали сте сити, односно не чувствувате глад или со малку храна се чувствувате најадено, губењето на апетитот е симптом којшто не треба да се игнорира.

Губењето на апетит може да се појави како симптом на доцна фаза на карцином или како нуспојава на лекувањето на ракот. Луѓето кои немаат апетит повеќе од неколку дена обично прво се соочуваат со губење на килограми, а недоволен внес на храна понатаму предизвикува чувство на слабост и замор што може да влијае на квалитетот на животот и способноста за вршење на обичните секојдневни активности.

Губењето на апетит е симптом на доцна фаза на рак на желудникот. Обично губењето на апетит се поврзува со развојот на карцином на желудникот и тоа не како симптом кој предупредува за појава на рак туку како знак на развиена фаза на туморот. Симптомите на карцином на желудникот обично се благи во раните фази и често погрешно се поврзуваат со други состојби. Но, како што ракот се шири и станува сè понапреден, се појавуваат сè повеќе симптоми. Рак на желудникот во рана фаза не може да предизвика симптоми или лошо варење и непријатност во стомакот. Но, како што туморот напредува, симптоми на подоцнежна фаза може да бидат:

• Крв во столицата

• Мачнина и повраќање

• Горчливост

• Чувство на силна ситост по јадење мала количина

• Губење на апетит

• Ненамерно губење на телесната тежина

• Жолтица

• Проблеми со голтање

• Болка во стомакот

• Оток на абдоменот

• Замор

• Слабост

Многу од овие симптоми може да изгледаат како да имаат врска со рефлукс на киселина или чир на желудникот.

Што предизвикува губење на апетит кај пациентите со рак?

Губењето на апетит е честа, а понекогаш и сериозна непожелна реакција на лекувањето на ракот. Без разлика дали човекот никогаш не чувствува глад или е сит и по само малку храна, ова е симптом кој не би требало да се игнорира. Доколку личноста почне да губи апетит важно е да се одржува калорискиот внес и треба да се направи сè што е можно за да се осигури дека телото добива хранливи материи кои му се потребни за борба против болеста и заздравување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот