Мировни разговори помеѓу Украина и Русија во Турција / Фото: EPA-EFE/Murat Gok/Turkish Foreign Ministry HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Нова размена на војници и можна средба на Путин, Зеленски и Трамп во фокусот на разговорите во Турција

На денешната средба помеѓу руската и украинската делегација во Истанбул се разговарало за повторна размена на тешко ранети војници, но и за можна средба помеѓу Володимир Зеленски, Владимир Путин и Доналд Трамп.

„Ќе го разгледаме рускиот меморандум за решавање на спорот и ќе го формулираме својот одговор“, рече портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Георги Тихи на прес-конференцијата по руско-украинските разговори во Истанбул, пренесува ТАСС.

„Треба темелно да го испитаме рускиот документ и да ја процениме неговата содржина. Бидете сигурни, ќе го споделиме нашиот одговор откако ќе го сториме тоа“ – изјави Тихи.

Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров, кој ја предводеше делегацијата, појасни дека Украина ќе има една недела да се запознае со меморандумот.

Тој потврди дека на денешната средба во Истанбул договорена е размена на тешко повредени, тешко болни и малолетни заробеници, како и враќање на телата на загинатите војници во формат 600 за 600.

„Повикуваме на вистинска работа за завршување на војната – прекин на огнот, хуманитарни мерки, средба на лидерите. Ако Русија е сериозна, ќе се согласи. Но, ако не, ќе мора да уследат нови санкции“ наведе Умеров.

Тој посочи дека на средбата се разговарала и за евентуална средба помеѓу претседателите на Украина и на Русија, Володимир Зеленски и Владимир Путин на крајот на месецот, на која евентуално би присуствувал и американскиот претседател Доналд Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот