Раз­лич­но: Микс од ста­рин­ска ма­са и мо­дер­ни сто­лови

Во ди­зај­ни­ра­ње­то на куќ­ни­от де­кор се по­ја­ви го­лем тренд – кон­трас­тни сто­ло­ви и маса.

Еден од нај­по­пу­лар­ни­те на­чи­ни за до­да­ва­ње шмек на прос­то­рот е ком­би­ни­ра­ње на рет­ро трпе­за­рис­ка ма­са со ул­тра-мо­дер­ни сто­лови, од­нос­но вне­су­ва­ње во до­мот на мно­гу кон­трас­тни пар­чи­ња ме­бел.

До­кол­ку по­се­ду­ва­те или мо­же­те да на­ба­ви­те рус­тич­на вон­вре­мен­ска маса, раз­мис­ле­те да ја спо­и­те со пре­фи­не­то ди­зај­ни­ра­ни сто­ло­ви кои се об­вит­ка­ни со со­мот или друг ма­те­ри­јал.

Пред­вид до­а­ѓа и по­ста­ву­ва­ње на ста­рин­ска ма­са со сто­ло­ви во раз­лич­ни бои.

Кол­ку е по­го­ле­ма раз­ли­ка­та ме­ѓу ком­по­нен­ти­те на трпе­за­рис­ка­та маса, ре­зул­та­тот ќе би­де до­пол­ни­тел­но по­воз­буд­лив.

Ако пак не сте до­вол­но под­гот­ве­ни за кон­трас­тен и храб­ро ди­зај­ни­ран трпе­за­рис­ки ком­плет, мо­же­би тре­ба да се оби­де­те со по­ме­ки тран­зи­ци­о­ни бои. На при­мер, до­кол­ку са­ка­те да има­те по­бе­ле­на маса, до­дај­те сто­ло­ви со бе­ли по­с­тави или бо­ја­ди­сај­те ги но­гар­ки­те на ма­са­та во цр­на боја, до­пол­ну­вај­ќи го ком­пле­тот со мо­дер­ни цр­ни сто­ло­ви што ќе се вкло­пу­ваат. Тоа е уш­те ед­на иде­ја за до­да­ва­ње на кон­трас­тни ком­би­на­ции.

Ако пак не­ма­те иден­тич­ни сто­ло­ви за трпе­за­рис­ка­та ма­са или ед­нос­тав­но са­ка­те ек­лек­ти­чен из­глед, од­лу­че­те се за не­ед­на­ков ди­зајн на сво­јот ме­бел. На­мес­те­те ја ма­са­та и со неа ком­би­ни­рај­те раз­лич­ни сто­лови, не­кои мо­дерни, не­кои ретро, гла­му­роз­ни или на­јед­нос­тавни.

Ис­то та­ка и нив­ни­те ни­јан­си мо­же да би­дат пот­пол­но раз­лични. Не пла­ше­те се да из­ме­ша­те се – по­с­тави, ма­те­ри­јали, из­глед и де­тали, за­тоа што та­ков стил има сил­на ос­но­ва во мо­дер­ни­от ди­зајн.

Image result for table with different color chairs

 

Image result for table with different color chairs

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот