Разговори САД-Русија во Ријад/Фото: EPA-EFE/RUSSIAN FOREIGN MINISTRY PRESS

Разговорите меѓу САД и Русија не се одвиваат лошо, но далеку се од приближување на ставовите

По руско-американската средба во Ријад, помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков изјави дека разговорите не поминале лошо.

Според него, Русија и САД се договориле да ги земат предвид меѓусебните интереси. Во исто време, тешко е да се каже дека Русија и САД се приближуваат, но како што наведува, се зборувало за тоа.

– Имаше многу сериозна дискусија за сите прашања што сакавме да ги поставиме – изјави тој за Канал 1, додавајќи дека и Москва и Вашингтон се заинтересирани за развој на билатералните односи.

Преговори САД-Русија во Ријад/ Фото: EPA-EFE/RUSSIAN FOREIGN MINISTRY PRESS SERVICE

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп најверојатно нема да се одржи следната недела, изјави Ушаков и додаде дека е тешко да се даде конкретен датум за средбата меѓу двајцата претседатели.

 

– Потребна ни е тесна работа меѓу делегациите на двете земји. Подготвени сме за тоа, но се уште е тешко да се зборува за конкретен датум за средба на двајцата лидери – рече тој.

Сергеј Лавров на преговорите со САД во Ријад/ Фото: EPA-EFE/RUSSIAN FOREIGN MINISTRY PRESS

Според него, одлуката за тоа кој ќе биде вклучен во тимот на преговарачи од Руската Федерација за украинскиот конфликт ќе ја донесе рускиот претседател Владимир Путин.

Руската страна денеска ја претставуваа министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, помошникот на претседателот Јуриј Ушаков и првиот човек на Рускиот фонд за директни инвестиции Кирил Дмитриев.

Во американската делегација беа државниот секретар Марко Рубио, советникот за национална безбедност на претседателот Доналд Трамп, Мајк Волц, и специјалниот пратеник на американскиот лидер за Блискиот Исток, Стивен Виткоф. Средбата траеше околу четири и пол часа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот