Разбојници од Трубарево ограбиле мигранти

Основното јавно обвинителство од Скопје заполна истрага против пет лица за кои постојат докази дека се сторители на кривично дело разбојништво.

Според ОЈО, тие на 28 јуни, во село Трубарево, во непосредна близина на една бензинска станица, нападнале на двајца мигранти од Пакистан.

„Тие ги забележале мигрантите, па им понудиле да ги превезат до граничниот премин „Табановце“ за 200 евра. Откако оштетените се согласиле со сумата, ги намамиле и ги однеле во затемнетиот дел на една од блиските ниви, со употреба на физичка сила ги совладале и им одзеле пари и други подвижни предмети во вкупна вредност од 75.000 денари. Јавен обвинител до судија на претходна постапка поднесе барање на петмината разбојници да им одреди притвор“, извести ОЈО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот