„Расизмот излегува на виделина“: Девојка со азиско потекло им се „одмазди“ на оние кои поради неа го покриваа лицето (ВИДЕО)

Ширењето на коронавирусот придонесе до зголемување на расистичките напади и стигматизацијата на луѓето од азиско потекло, меѓу другото тоа е и темата која се прошири на социјалните мрежи во изминатите неколку месеци.

Девојката која на Твитер е потпишана со името Мин сподели снимка од своето патување во метро во Њујорк. Имено, девојката која има азиско потекло веднаш забележала дека жена која седи спроти неа брзо го покрила лицето со марама, алудирајќи на тоа дека Мин сигурно е заразена со коронавирус бидејќи е од Азија, пренесува „LADbible“.

– Влегов во метрото, а жената во истиот момент ја покри устата со марама. Си помислив дека не е лоша идеја да се направам дека кашлам за да видам како ќе изреагира. Разисмот излегува на виделина – гласи нејзиниот твит.

Иако Мин не можела да разбере што жената кажала под марамата, ја замолила да ја отстрани и да повтори, а таа тоа не го направила, туку станала и видно вознемирена си заминала од купето на метрото.

Мин во следните неколку твитови појасни дека не забележала дека жената го покрива лицето додека имало други луѓе во близина, туку во моментот кога погледнала токму во неа.

Ова не е прв случај на стигматизација на луѓе од азиско потекло откако започна епидемијата на коронавирусот, а нешто слично се случи во Скопје, кога неименуван маж вербално нападна и навредуваше Корејци во центарот на главниот град.

Ова видео ги запали социјалните мрежи – „Мрш од тука, короништа едни“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот