Раниери за потегот на Манчини: Не би направил такво нешто, повеќе сакам мотивација отколку пари

Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Во Италија во фокусот на јавноста е Роберто Манчини кој ја напушти репрезентацијата на Италија за да седне на селекторското столче на Саудиска Арабија која го направи најплатен тренер во светот.

Манчини зборуваше дека проектот на Саудиска Арабија го убедил да ја прифати понудата, меѓутоа малкумина се оние кои веруваат во тие зборовиу. Саудијците Италијанецот го плаќаат 30 милиони евра годишно.

Свој коментар за целата ситуација даде и Клаудио Раниери по вчерашниот натпревар на Интер и неговиот Каљари.

„Да бидам искрен никогаш не би го направил тоа, повеќе сакам да имам мотивација отколку пари“, изјави Раниери за „ДАЗН“.

Овие зборови на Раниери можат да се потврдат и со неговото враќање на клупата на Каљари кој го презема како второлигаш и го врати во Серија А, иако имаше и побогати понуди од други клубови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот