Рамадани: ковид-19 се искористува за геополитички влијанија

исмет рамадани
Исмет Рамадани, поранешен пратеник

Исмет Рамадани, претседател на Евро-атлантскиот совет на Северна Македонија за Слободен печат, вели дека за жал, дури и кога станува збор за здравјето на луѓето од пандемиски размер, како што е ковид-19, ситуацијата се искористува за геополитички влијанија.

– Оваа опасна игра ја започна Русија од самиот почеток на откривањето на вакцината „Спутник“, а потоа Кина и САД се приклучија на оваа игра со ЕУ. Дури и дистрибуцијата на вакцини ширум светот зазеде геополитичка трка кои ќе влијае врз интересите насочени кон идеолошка доминација. Овие тенденции за глобална геополитика предизвикаа неправилна дистрибуција на вакцините во развиените земји. Сега се води дипломатска битка, служена со лажна пропаганда за ефикасноста и последици од вакцините, во зависност од тоа која компанија или земја ги произведуваа. Овој дипломатски феномен за геополитички интереси е на штета на поефикасната борба со ковид-19. Ние како држава го доживеавме ова, сè додека не ја разберевме оваа геополитичка игра – вели Рамадани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот