Ракометните надежи против Германија, Франција и Полска на Европското кадетско првенство

Кадетската ракометна репрезентација на Македонија/фото: РФМ

Денеска во просториите на седиштето на Европската ракометна федерација во Виена, се одржа извлекување на групите за Европското првенство за ракометари до 18 години што ќе се одржи од 7 до 18 август 2024 година во Подгорица, Црна Гора.

Македонската машка кадетска селекција ќе игра во групата „Б“ со репрезентациите на Германија, Франција и Полска.

Годинава Европското младинско првенство во машка конкуренција за ракометари до 20 години ќе се организира во Целје.

Нашите ракометни надежи ќе играат во групата „А“ заедно со Хрватска, Црна Гора и Австрија.

Континенталниот шампионат во словенечкиот град ќе се одржи во периодот од 10 до 21 јули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот