Ракометарите не успеаја да ја освојат бронзата на Медитеранските игри

Фото: МОК

Машката ракометна репрезентација на Македонија не успеа да обезбеди медал на Медитеранските игри што се одржуваат во Оран, Алжир, откако во натпреварот за третото место загуби од Србија со 34:29 и на крајот го освои четвртото место.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров одиграа подобро прво од второ полувреме. Во воведните минути се играше гол за гол (4:4) а со головите на Костески и Петковски Македонија поведе со 6:4.

Предноста потоа се зголеми на плус три (8:5,9:6, но во финишот од првиот дел Србите успеаја прво да дојдат до израмнување (10:10), а потоа и да поведат со 12:11. На одмор се замина со предност на Србија од 15:13.

Во второто полувреме избраниците на Лазаров повторно доживеаја пад во играта и тоа повторно беше казнето од противникот. Прво Србија поведе со 20:17, а потоа и дојде до плус пет (24:19).

До крајот на натпреварот, макеоднските ракометари се обидуваа да ја анулинираат негативата, но Србите успеаја да ја задржат предноста и на крајот да слават со 34:29.
Костадин Петров со пет гола и Петар Атанасијевиќ со четири беа најдобри кај Македонија, додека кај Србите најпрецизен беше Воркапиќ со пест гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот