Рајковиќ именуван за селектор на Казахстан

Македонскиот тренер Емил Рајковиќ денеска стана нов селектор на кошаркарската репрезентација на Казахстан.
Рајковиќ во последните две години е тренер на најдобриот тим од оваа земја, Астана, а наградата за одличните резултати кои ги постигнува на клупски план, дојде со именувањето за селектор на Казахстан.

– Среќен сум, бидејќи ова ќе биде мој прв предизвик како селектор на една сениорска репрезентација. Сакам да се заблагодарам на довербата од страна на федерацијата на Казахстан – изјави Рајковиќ по именувањето на селекторската функција.

Интересно е што Рајковиќ беше еден од кандидатите за наследник на Јорданчо Давитков за селектор на македонската кошаркарска репрезентација, позиција која сè уште е испразнета.

Во досегашната тренерска кариера беше и селектор на младинската репрезентација, но и тренер на Фени индустри, Работнички, МЗТ Скопје, Сласк Вроцлав, Стал Остров и Астана, а му беше помошник и на Александар Џикиќ во квалификациите за ЕП 2015 и исто така беше селектопр на младинската репрезентација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот