Рајан Рејнолдс на комичен начин опиша какво е чувството кога се тестирате за коронавирус

Актерот Рајан Рејнолдс се враќа на работа, односно продолжува со снимањето на филмот „Red Notice“, откако беше прекинато во март, поради пандемијата на коронавирусот.

Се разбира, имајќи предвид дека ширењето на вирусот е сè уште многу активно, новите мерки за здравје и безбедност на сет при снимање на филм и слично задолжително вклучуваат претходни тестирања на коронавирус. А тој на многу интересен начин го документираше своето искуство при тестирањето и го сподели со своите следбеници.

Неговата сопруга Блејк Лајвли во улога на фотограф ја фати неговата реакција и изразот на лицето додека му земаат брис од носот.

Рајан ги објави фотографиите на својот профил на Инстаграм и на урнебесен начин опиша како се чувствува.

Тестот за ковид е брз и лесен. Лекарот го става брисот во носот, доволно длабоко за да ги скокотне вашите спомени од детството, и тогаш е готово. Без оглед што и да му кажете, тој нема прво да ви купи вечера.“, гласеше смешниот опис под фотографиите.

Рејнолдс и неговата сопруга го воодушевија светот за време на екот на пантемијата, донирајќи средства во американските болници и банки за храна, со цел полесно да се борат против вирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот