Рајан О’Нил погребан покрај славната актерка: Беше неговата долгогодишна љубов

Фото: Ralph Dominguez/MPI / Capital pictures / Profimedia

Познатиот актер Рајан О’Нил (82) беше погребан покрај неговата долгогодишна љубов, актерката Фара Фосет, на гробиштата во Меморијалниот парк „Вествуд“ во Лос Анџелес.

Актерот номиниран за Оскар, почина во Лос Анџелес на 8 декември од конгестивна срцева слабост, а како што пренесува „Дејли мејл“ на погребот приуствувале околу 25 луѓе, вклучувајќи ја и неговата поранешна сопруга, Ли Тејлор-Јанг, нивниот син Патрик О’Нил и најдобрата пријателка на актерката Фосет, Алана Стјуарт.

Церемонијата започнала во 11 часот со кратка церемонија во капелата на гробиштата, по што ковчегот на О’Нил бил однесен на неговото последно почивалиште покрај долгогодишна партнерка Фосет.

Актерот беше познат по неговата бурна врска со Фара Фосет, актерката од „Ангелите на Чарли“, која траеше со децении, но тие никогаш не се венчаа. Холивудската двојка беше заедно од 1979 до 1997 година, а О’Нил ја украде русокосата убавица од нејзиниот сопруг Ли Мејџорс. Таа почина од рак на 62-годишна возраст во 2009 година.

О’Нил беше најпознат по неговите филмови во 1970-тите, вклучувајќи го и „Хартиена месечина“, со неговата ќерка Тејтум во главната улога. Реномираниот филм, во режија на Питер Богданович, на младата девојка и донесе Оскар за најдобра споредна женска улога кога имаше само 10 години.

Тој, исто така, работеше со некои од најголемите женски ѕвезди на своето време како што е Барбра Стрејсенд во филмовите „Како е докторе?“ и „Главниот настан“, како и Мариса Беренсон во „Бери Линдон“.

Неговиот син Патрик на социјалните медиуми објави долга порака со фотографија од плажата на зајдисонце со која му оддаде почит на својот покоен татко.

„Ова е најтешкото нешто што некогаш сум морал да го кажам, но ајде… ‘Татко ми почина денеска мирно, со неговиот тим кој го сакаше, кој го поддржуваше и нè сакаше како тој нас’, рече тој.

„Мојот татко Рајан О’Нил отсекогаш бил мојот херој. Се угледував во него и тој секогаш беше поголем од животот. Кога се родив во 1967 година, татко ми веќе беше ТВ ѕвезда во ‘Пејтон’. Таму ја запозна мајка ми, Ли Тејлор-Јанг, а околу девет месеци подоцна се родив јас. Татко ми стана меѓународна филмска ѕвезда со ‘Љубовна приказна’ во раните 1970-ти, деценија, во која тој апсолутно успеа, глумејќи во филмови како ‘Хартиена месечина’, ‘Бери Линдон’, ‘Мостот што не може да се скрши’, ‘Возачот’. Тој е холивудска легенда. Период“, напиша Патрик на Инстаграм.

Инаку, Рајан има четири деца Тејтум О’Нил и Грифин О’Нил со Џоана Мур, Патрик О’Нил со Ли Тејлор-Јанг и Редмонд Џејмс Фосет О’Нил со Фосет.

Почина Рајан О’Нил, ѕвездата од филмот „Љубовна приказна“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот