Работнички го доби дербито на дното и освои важни бодови во борбата за опстанок
Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров освоија исклучително важни три бода во трката за опстанок, откако на свој терен славеа против директниот ривал Работнички со 2-1 во рамки на 29. коло од Првата лига.
Препорачано
Домашниот состав уште на самиот старт покажа дека оди на победа и веќе во втората минута Хозе Кабаркас со прецизен удар со глава го отвори резултатот. Иако ситуацијата беше предмет на ВАР-проверка, погодокот сепак беше признат. Во продолжението од првото полувреме имаше шанси на двете страни, но мрежите мируваа.
Во вториот дел, клучниот потег го направи младиот, само 17-годишен Мартин Џангаровски, кој во 63. минута донесе двојна предност. Сепак, драмата брзо се врати, откако Сухејл Муарем пет минути подоцна намали на 2-1 и ја врати неизвесноста.
Гостите имаа можност да стигнат и до израмнување, но не ја искористија, па „лавовите“ успеаја да ја задржат предноста до крајот и да запишат триумф што може да се покаже како пресуден.
И покрај победата, тимот од Ѓорче останува на претпоследната позиција, но сега со 27 бодови, само еден помалку од Работнички и два зад Пелистер, кој моментално е над опасната зона. До крајот на сезоната остануваат уште четири кола: во следното коло Македонија ЃП гостува кај Шкупи, додека Работнички ќе се соочи со Пелистер во директна пресметка за опстанок.


