Путин нареди да бидам отруен со нервниот агенс „Новичок“, обвини поранешниот руски агент Скрипал
Поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал изјави дека верува оти рускиот претседател Владимир Путин наредил да биде отруен со нервниот агенс „Новичок“.
Тој дал докази во истрагата за смртта на жена која случајно била отруена со нервен агенс.
Скрипал, кој продавал руски тајни на Велика Британија, и неговата ќерка Јулија, биле пронајдени во бесознание на клупа во јужниот англиски град Солсбери во март 2018 година, откако кваката на влезната врата од нивниот дом била намачкана со „Новичок“.
Четири месеци подоцна, локалната жителка Даун Старџис починала по изложувањето на отровот, откако нејзиниот партнер пронашол шише парфем за кој полицијата верува дека го користеле руските разузнавачи за да го прошверцуваат отровот во Велика Британија.
Сергеј и Јулија Скрипал и полицаецот кој бил во нивниот дом и го истражувал инцидентот, биле во критична состојба поради ефектите ос користењето за воени цели на нервниот агенс, но се опоравиле, како и партнерот на Стургис, Чарли Роули.
Русија постојано ги негираше британските обвинувања дека била вмешана во овие случаи.