Пушачи, јадете јаболка и заштитете ги белите дробови

Овошјето и зеленчукот, како што е веќе добро познато, се многу здрави и го штитат организмот од болести. Но, јаболката и крушите имаат и предност кај хроничните белодробни заболувања ако се споредат со другите видови овошје.

Секундарните растителни супстанции содржани во овие плодови, катехините, може да бидат одговорни за тоа. Точно 14.000 луѓе кои учествувале во големото истражување и кои јаделе јаболка, помалку заболувале од магарешка кашлица и оштетување на дишните патишта од другите.

Дури и пушачите кои редовно јаделе јаболка и круши, станале поотпорни на хроничниот бронхитис.

Едно јаболко содржи доволно потребни хранливи материи, но и растителни влакна, антиоксиданти, витамини и минерали, поради што има неверојатни здравствени ефекти. Интересно е што 125 грама јаболкo има само 65 калории, бидејќи 84 отсто e вода.

Полифенолите што ги содржи се корисни и во борбата против ракот на дојка, а во разни експерименти веќе е докажано дека полифенолите постигнале неверојатни реакции во борбата против карциномот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот