Пурини до „загрижениот“ Милошоски: Информирајте се пред да напишете, хонорарот е за целиот тим

Фото: Фејсбук

Директорката на КИЦ денеска на својот Фејсбук профил му одговори на пратеник Антонио Милошоски, откако тој пред два дена побара нејзина оставка, заради како што вели тој, лесно трошење на буџетски пари од Министерството за култура и од Град Скопје.

„За загрижениот пратеник,
Антонио Милошоски

Првично, како пратеник треба да знаете дека ова е 13-то издание на “Звуците на Чаршијата“. Исто така, треба да знаете дека проектот „“Звуците на Чаршијата 2019“, како и сите претходни изданија, ги помина сите процедури во Градот Скопје и Министерството за култура. Проектот, односно изборот на програмата е производ на идеи и анализи на стручните лица во КИЦ и проценка на релевантните комисии во институциите што ги споменав погоре. Буџетските средства распределени од нив не се трошат врз основа на желбите на директорот на установата. Барем не во КИЦ.

Добро е како пратеник, пред да напишете, треба да бидете информирани за сите настани и уметници кои се дел од мултимедијалната и мултикултурна манифестација на „ Звуците на Чаршијата“, за да не губите време да давате идеи за активности што традиционално веќе 13 години се дел од нашата манифестација.
Од вашето пишување уште еднаш сфативме колку малку знаете за вашите сограѓани. Овој пат ни докажавте дека немате информации за износот на хонорарите на звездите што тие ги претпочитуват. За коректност, хонорарот е за целиот тим, а не само за Елвана Ѓата.

Истотака, јас само што започнав со плановите за манифестацијата „Звуците на Чаршијата 2020 година“.

Се надевам дека нема да го процените како „луксуз“ ако идната година на плоштадот ќе интерпретираат Бебе Реџа, Рита Ора или Дуа Липа“, пишува Пурини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот