ПУКАЊЕ ВО УЧИЛИШТЕ ВО МЕКСИКО: Пиштолот го донело дете, тројца мртви (ВИДЕО)

Фото: Твитер

Поединечни медиуми пренесуваат дека тоа имало осум години, додека други тврдат дека е во прашање 12-годишно момче. Тоа наводно извршило самоубиство.

Најмалку три лица се убиени, а уште четворица повредени во пукање во училиште во градот Тореон во Мексико, пренесува Раша Тудеј.

Според првичните информации, помеѓу починатите се двајца ученици и еден наставник.

Локалните медиуми пишуваат дека дете донело оружје во училиштето.

Поединечни медиуми пренесуваат дека тоа имало осум години, додека други тврдат дека е во прашање 12-годишно момче. Тоа наводно извршило самоубиство.

Пукањето се случило утринава во 8.30 часот по локално време, а пред училиштето се собрале бројни родители во паника.

Според последните информации, деталите од трагедијата и натаму не се познати, а училиштето било евакуирано.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот