Психолог за домашни миленици открива што сонуваат кучињата, но предупредува никогаш да не ги будите

Фото: Принтскрин/ Wilderness-society.org

Доктор Деирдре Барет, клинички и еволутивен психолог од Медицинскиот факултет на Харвард, тврди дека кучињата доживуваат соништа слични на луѓето, а во нив веројатно се појавуваат и нивните сопственици.

Додека сопствениците на кучиња се надеваат дека нивното куче има мирни соништа, прифатиле дека никогаш нема навистина да знаат што се случува во нивната глава. Но, еден психолог од Харвард тврди дека таа ги има одговорите што сите ги баравме. Докторка Деирдре Барет, клинички и еволутивен психолог од Медицинскиот факултет Харвард, објави студија за тоа – што сонуваат кучињата. Таа појаснила дека кучињата веројатно сонуваат за своите секојдневни искуства, исто како и луѓето, што значи дека постои голема веројатност да ги сонуваат своите сопственици, пренесува британски „Мирор“.

Таа додала: „Луѓето сонуваат за истите работи што ги интересираат во текот на денот, иако повеќе визуелно и помалку логично. Нема причина да се мисли дека животните се поинакви. Бидејќи кучињата генерално се екстремно приврзани за своите сопственици, веројатно е дека вашето куче го сонува вашето лице, вашиот мирис и дека ви угодува или ви пречи. Иако не постои начин со сигурност да се знае за што сонува кучето, д-р Барет вели дека веројатно сонуваат за трчање кога нивните шепи или нозе ќе почнат да се грчат или кога комуницираат со друго куче или човек кога ќе почнат да лаат.

Таа вели дека повеќето животни имаат слични циклуси на спиење како и луѓето, поминувајќи низ лесна, длабока и РЕМ фаза на сон. Луѓето сонуваат за време на РЕМ фазата (Брзо движење на очите (Rapid Eye Movement)) сон, па се претпоставува дека тогаш сонуваат и животните. Кај луѓето, РЕМ спиењето обично започнува 90 минути по заспивањето и трае помеѓу пет и 15 минути, при што секој циклус се продолжува во текот на ноќта.

Доктор Барет вели дека сопствениците можат да се обидат да ги подобрат соништата на своите кучиња со тоа што ќе ги изложат на „среќни дневни искуства“ и ќе им обезбедат безбедна и удобна средина за одмор во текот на ноќта. Но, кога станува збор за кошмари, Американскиот кинолошки клуб ги советува сопствениците никогаш да не ги будат своите кучиња бидејќи може агресивно да реагираат на личноста која ги буди.

Тие додале: „Не се добри сите човечки соништа. Заклучуваме дека и кучињата можат да имаат кошмари. Тие кошмари тешко се гледаат. Може да биде примамливо да го разбудите вашето куче за да го утешите, како што би направеле со детето, но постојат некои ризици поврзани со кошмарите на кучињата за кои треба да бидете претпазливи“.

„Ако некогаш сте се разбудиле од страшен сон, знаете дека ви требало време да се сетите каде сте и со кого сте биле. Како и некои луѓе, кучињата можат да реагираат агресивно на личноста која ги буди. Тоа може да биде опасно, особено за децата“, објаснуваат тие. „Најдоброто нешто што можете да го направите за кучето за кое мислите дека сонува лош сон е да чекате вашето куче да се разбуди и да бидете тука за да го утешите“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот