Психијатриско лекување за скопјанецот кој си го уби братот

Фото: илустрација

Истрагата утврдила дека двајцата браќа прво се расправале. Во еден момент сега обвинетиот од џебот извадил нож и му нанел две сечни и три убодни рани во вратот на брат.

Основното јавно обвинителство Скопје до Кривичниот суд вчера поднесе предлог за изрекување на мерка задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа за жител на скопското село Чајле, кој е обвинет  за убиство.

Во предлогот пишува дека тој 31 декември лани, во семејниот дом во село Чајлане, во состојба на непресметливост поради трајна душевна болест – параноидно растројство, при семејно насилство, со умисла го убил братот.

Истрагата утврдила дека двајцата браќа прво се расправале. Во еден момент сега обвинетиот од џебот извадил нож и му нанел две сечни и три убодни рани во вратот на брат. Како резултат на брзото и обилно искрварување од вратните крвни садови, бил предизвикан недостаток на кислород во мозокот на оштетениот, на петти јануари ранетиот починал во болница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот