Првиот турски брод за итни случаи помага во гаснење на пожарите

 Првиот турски брод за итни случаи „Нене Хатун”, помага во гаснење на шумските пожари, и пристигна во подрачјето на провинцијата Мугла.

Овој брод, долг 88 метри и широк 18 метри, обезбедува помош во итни ситуации веќе шест години.

Меѓу другото, бродот има болница со можност да прими 20 пациенти, а на него работат повеќе од 40 членови на екипажот во смени.

Инаку, овој брод, покрај гаснењето пожари, има и бројни улоги на отворено море, како спасување жртви од бродоломи, нуркачки спасувачки мисии, детектирање на загадување на морето…

На него има и хелиодром, а направен е да ги издржи сите временски услови.

– Од вкупно 208 шумски пожари во 44 градови во Турција, 196 се ставени под контрола, изјави вчера турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Шумските пожари се активни во уште пет градови: Анталија, Мугла, Испарта, Ајдин и Денизли. Продолжуваат активностите за нивно ставање под контрола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот