Првиот српски суперавтомобил: Дело на домашни инженери и млади експерти (ВИДЕО)

Зошто Машинскиот факултет во Белград е една од најдобрите образовно-научни институции и зошто инженерите кои се школуваат таму најбарани во земјата и надвор од неа, ќе дознаете ако ја гледате репортажата за првиот српски суперавтомобил „raw“.

„Станува збор за првиот вистински спортски автомобил во Србија. И не само тоа. Ова возило, како што се наведува, ќе може да се регистрира за возење по пат. Го креирале младите експерти на Центарот за моторни возила Авто-мото сојуз на Србија. Меѓу нив се и тројца инженери со диплома од Машинскиот факултет во Белград – Трифун Миличевиќ, Раде Зечевиќ и Милан Царан“, се наведува на сајтот на Машинскиот факултет.

Директорот на компанијата Милан Божиќ за „Сат плус“ зборел за тоа што ги поттикнало да работат на развој и изработка на еден таков автомобил. Тој напоменувајќи дека во составот на тој центар работат повеќе од стотина инженери и 12 доктори на наука, рекол дека фирмата во технолошка смисла претставува една од најсилните компании во регионот, па и пошироко.

„Од друга страна, го имаме и Машинскиот факултет во Белград којa е една од најдобрите научни институции во земјата. Од таму доаѓаат исклучително добри инженери, а ние како фирма помагаме да се формулира финалниот проект. Од навистина добри студенти, ние за себе ги бираме најдобрите инженери“, рекол Божиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот