Првиот човек на Хамас се сретнал со израелските заложници во тунелите под Газа

Лидер на Хамас Мохамед Даиф принтскрин Твитер

Шефот на Хамас, Јахја Синвар, разговарал на хебрејски со израелските заложници додека биле држени под земја во Газа по нивното киднапирање на 7 октомври, јавуваат израелските медиуми.

Синвар, лидерот на Хамас во Газа, разговарал со заложниците на чист хебрејски во обид да ги смири откако биле одвлечени во Газа, објави Канал 12, повикувајќи се на информации од неодамна ослободен заложник.

Средбата се одржала во тунелот, објави каналот, набрзо по нападот на 7 октомври во кој Хамас зеде повеќе од 240 заложници.

„Здраво, јас сум Јахја Синвар. Овде сте најзаштитени. Ништо нема да ви се случи“, и рекол Синвар на групата, според извештајот на медиумот.

Заложникот кој бил присутен му го раскажал инцидентот на семејството и исто така ги известил безбедносните службеници кои ја потврдиле приказната, соопшти Канал 12.

Синвар научил хебрејски во израелски затвор откако во 1989 година бил осуден за киднапирање и убиство на двајца израелски војници и четворица Палестинци за кои верувал дека соработувале со Израел. Тој доби четири доживотни затворски казни, но беше ослободен во 2011 година како дел од договорот за враќање на заробениот израелски војник Гилад Шалит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот