Први симптоми кои откриваат дека имате една од 5 опасни болести

девојка жена умор
Фото: Profimedia

Ви донесуваме преглед на симптомите на дијабетес, Алцхајмерова болест, карцином, срцеви заболувања и секако, ковид-19.

Лекарите секогаш истакнуваат колку е важно да се знае кои симптоми откриваат некоја опасна болест бидејќи во тој случај се брои секоја минута. Ви донесуваме преглед на симптомите на дијабетес, Алцхајмерова болест, карцином, срцеви заболувања и секако, ковид-19.

Први симптоми на дијабетесот

Ова се типични симптоми, сепак, некои нема ниту да ги забележат, бидејќи кај нив ќе се појават во блага форма:

  • Често уринирање
  • Постојана жед
  • Интензивна глад без оглед што сте јаделе
  • Силен замор
  • Замаглен вид
  • Красти или рани по телото што не зараснуваат
  • Губење на килограмите
  • Трнење или болка во рацете или стапалата

Ако ги забележите, обратете се кај лекар.

Profimedia
Фото: Profimedia

Први симптоми на Алцхајмеровата болест

Симптомите се делат во три фази. Во раната фаза, главен симптом е промена во помнењето, па така на пример, лицето кое е во почетна фаза на болеста може да забележи:

  • Заборавате неодамнешни разговори или случувања
  • Заборавате каде сте ставиле нешто
  • Заборавате имиња, места и предмети
  • Имате проблеми со размислувањето или пронаоѓањето зборови
  • Често поставувате прашања
  • Лошо проценувате или тешко донесувате одлуки
  • Помалку сте флексибилни и не сакате да испробувате нови работи
  • Присутни се и чести промени на расположението, анксиозност или лутина, како и периоди на целосна конфузија.
главоболка
Фото Профимедиа

Први симптоми на рак

Повеќето знаци не се предизвикани од самиот рак, туку од другите работи. Ако имате симптоми коишто не поминуваат подолго време или само се влошуваат, мора да посетите лекар и да откриете за што се работи“, стои во соопштението на Американското здружение за рак.

На пример, лимфните јазли ќе го спречат продорот на штетните материи во организмот, и обично се мали, па ако одеднаш се зголемат, може да се работи за инфекција и воспаление, па дури и за рак. Ако имате необичен јазол или израсток на кожата или под неа, секако обратете се кај лекар.

Овие симптоми мора да ги запомните бидејќи може да се поврзат со ракот, но и со другите состојби:

  • Замор кој не престанува ниту по одмор
  • Губење килограми без јасна причина
  • Проблеми со храната – губење на апетитот или проблеми со голтањето
  • Отечени лимфни јазли
  • Јазол на дојката или на некој друг дел од телото
  • Болка, особено нова која се јавува без причина и не поминува
  • Промени на кожата – нова бенка, рани што не зараснуваат, отоци, чирови кои не поминуваат
  • Кашлица што не поминува
  • Необично крвавење без причина
  • Промени во работата на меурот – болно уринирање, крв во урината или често и ретко уринирање
  • Температура
  • Главоболки
  • Проблеми со видот и со слухот
  • Промени во устата
Profimedia
Фото: Profimedia

Први симптоми на болести на срцето

Симптомите во голема мера ќе зависат од тоа каков вид болест е во прашање. Ако станува збор за таложење на плак во артериите или атеросклероза, сигурно станува збор и за закана по здравјето, а може да предизвика срцев удар, болка во градите или мозочен удар.

Симптомите може да варираат кај жените и кај мажите. Кај мажите често се појавува болка во градниот кош, а жените покрај тој симптом, ќе доживеат и отежнато дишење, краток здив, гадење и силен замор. Ова се симптомите на кои мора да обрнете внимание:

  • Болка во градниот кош, стегање во градите, непријатно чувство
  • Тешкотии при дишењето
  • Болка, слабост или чувство на ладење во нозете или рацете
  • Болка во вилицата, грбот, грлото, горниот дел на стомакот
Profimedia
Profimedia

Први симптоми на ковид-19

Раните симптоми можат да бидат замор, главоболка, болки во грлото или температура. Некои доживеале губење на мирисот и вкусот. Симптомите можат да бидат лесни или тешки, а секогаш се влошуваат за неколку дена. Кај некои ќе се развие воспаление на белите дробови (пневмонија). Симптомите и нивното интензивирање варираат од личност до личност, и затоа е важно секогаш да
контактирате лекар, дури и ако симптомите се благи. Всушност, ако почувствувате некој од овие симптоми, секако веднаш контактирајте со вашиот лекар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот