Прва лига: Кошаркарите на ТФТ подобри во соседскиот дуел против Вардар

фото: kfsm.mk

Денеска во 14 коло од Првата македонска кошаркарска лига составот на ТФТ Моцарт триумфираше над Вардар со конечен резултат 92:82. По првото полувреме во СРЦ „Кале“ во Скопје играчите на ТФТ имаа висока предност од 49:35.

Во текот на третата четвртина екипата на тренерот Боро Смилковски ја зголеми позитивата и на огромни „плус 25“ (74:49). На стартот од последните 10 минути Вардар направи серија од 14:4 и намали на „само“ 77:63. Следуваше одговорот на домаќините кои врзаа осум коша по ред и рутински го одработија мечот до крајот.

Ташовски одигра одличен меч во редовите на ТФТ со реализација од 27 поени (пет асистенции и четири скокови), го следеше Калхун со 18 поени.

Кај гостите доминираше Атанасов кој беше стрелец на 25 поени (пет скокови и четири асистенции), додека младиот репрезентативец Лукановски дојде до „дабл-дабл“ учинок од 13 поени и 10 скокови.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 14 КОЛО

ТФТ Моцарт – Вардар 92:82

20 ЈАНУАРИ (САБОТА)

18.00: Еуро Никел 2005 – Гостивар
18.00: МЗТ Скопје Аеродром – Пелистер
18.00: Работнички – Чаир 2030

21 ЈАНУАРИ (НЕДЕЛА)

18.00: Охрид – Кожув
20.00: Феникс 2010 – Навико Академија ФМП

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 25 бодови, Еуро Никел 2005 23, Работнички 22, Пелистер 22, Чаир 2030 22, ТФТ Моцарт 22, Феникс 2010 20, Гостивар 17, Вардар 17, Кожув 16, Навико Академија ФМП 16, Охрид 15.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот