Прва лига: Кошаркарите на ТФТ не дозволија изненадување против Куманово

фото: kfsm.mk

Денеска во рамките од 11 коло во Првата македонска лига составот на ТФТ како гостин славеше кај Куманово со 71:82.

Одлучувачка беше првата четвртина која ТФТ ја доби со 16:29, а во другите три четвртини се водеше рамноправна борба на паркетот (23:20, 16:17, 16:16).

Во победничките редови доминираше Николов со 15 поени (пет скокови), а Србинот Глигоријевиќ за Куманово реализираше 13 коша (10 скокови).

На табелата ТФТ е на второто место со 18 бодови, еден помалку од водечкиот МЗТ, а Куманово кој го претрпе четвртиот пораз е на претпоследното 11 место со 13 бодови колку што има и Струмица.

В недела треба да се одигра и мечот Феникс 2010 – Гостивар (20.00 часот).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот