Прва лига: Фудбалерите на Работнички непријатно изненадени од Скопје

„Романтичарите“ го претрпеа третиот пораз сезонава во домашниот фудбалски шампионат/Фото:facebook/ fkrabotnicki.com

Денеска се одигра првиот натпревар од 10 коло во Првата македонска лига, составот на Работнички иако ја имаше фаворитската улога на крајот изненадувачки загуби од Скопје со 0:1.

Во 32 минута домаќинот не успеа да реализира пенал преку Станковски, односно неговиот удар го одбрани Ефремов. Најинтересниот момент се случи кога играчот на „романтичарите“ Станковски си постигна автогол во 56 минута за трет триумф на Скопје во шампионатот.

За домаќините проблемите беа уште поголеми од 65 минута кога поради два жолти картони теренот предвремено мораше да го напушти Илиевски. Во 82 минута скопјани можеа да ја зголемат предноста од белата точка, но непрецизен беше Јанакиевски, односно подобар во овој дуел беше чуварот на мрежата Мустафа.

Составот на тренерот Александар Влахо пропуштија шанса да се израмнат со второпласираната во генералниот пласман Ренова и остана на четвртото место со 15 бодови, а од друга страна Скопје се искачи за една позиција, односно сега е на осмото место со 12 бодови.

В сабота од 14.00 часот ќе се одиграат преостанатите пет средби од оваа рунда: Академија Пандев – Шкендија, Брегалница Штип – Македонија ЃП, Ренова – Пелистер, Струга Трим Лум – Борец и Тиквеш – Шкупи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот