Прв смртен случај во земјава на пациент вакциниран со две дози „Синофарм“

Фото: EPA-EFE/Janos Vajda HUNGARY OUT

Пациентот на 62-годишна возраст кој вчера почина во Тетово како последица од компликации од коронавирусот, имал примено две дози од вакцината на Синофарм, потврдуваат официјално од Општата болница Тетово за „Слободен печат“.

– Да, пациентот имал примено две дози вакцина. Вакциниран бил со Синофарм. Првата доза ја примил на 17 мај, а втората доза на седми јуни. Пациентот беше хоспитализиран во тетовската болница и имаше коморбидитети меѓу кои хронична бубрежна болест, кардиомиопатија и хипертензија. Дојде во болница со покачена телесна температура и рутински го тестиравме на ковид и беше позитивен, изјави за „Слободен печат“ доктор Гзим Нуредини од Општата болница во Тетово.

Како што неодамна во изјава за Слободен печат објасни д-р Александар Петличковски од Институтот за имунологија, за вакцината на „Синофарм“, потребни девет недели од првата доза додека да се создаде целосниот имунитет.

– За вакцината на „Синофарм“ генерално треба да се знае дека се работи за мртва вакцина и таа создава имунитет малку подолго отколку американските вакцини и треба граѓаните да се внимателни помеѓу двете дози и неколку недели по втората доза. Комплетниот имунитет што се развива кај „Синофарм“ вакцината се постигнува после 6 недели по втората доза. Тоа е доста долг период, односно 9 недели од почетокот на вакцинацијата за достигнување на максимална ефикасност, изјави Петличковски.

Починатиот од Тетово, втората доза ја примил на 7 јуни, што значи дека поминале осум недели од примена втора доза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот