Прв пат во 68 години Пакистан забележа економски пад

Обемот на пакистанската економија од 280 милијарди долари годинава се намали на околу 265,6.

Глобалната криза предизвикана од епидемијата на коронавирусот силно ја погоди и економијата на Пакистан, земјата која од 1952 година до сега немаше регистрирано пад на БДП.

Девалвацијата на националната валута – рупијата и намалувањето на економската активност ќе резултира со пад на обемот на пакистанската економија на околу 265,6 милијарди долари, од 280 милијарди долари пред една година.

Според проценките, БДП на Пакистан ќе има негативна стапка на раст од 0,38 проценти во фискалната 2019/20 година, во споредба со растот од 5,5 проценти претходната година.

Пред пандемијата, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и пакистанското Министерство за финансии предвидоа стапка на раст за тековната година од 2,4 проценти, како резултат на мерките за економска стабилизација донесени во рамките на програма на ММФ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот