Прв ден од масовната имунизација во Албанија: Вакцинирани 11.487 лица или вкупно 78.000 досега

Фото: euronews.al

Албанската министерка за здравство и социјална заштита, Огерта Манастирлиу информира дека вчера, првиот ден од почетокот на масовната вакцинација, биле имунизирани 11.487 лица низ целата земја.

– Во текот на вчерашниот ден, не само што ја достигнавме целта што ја поставивме, 10.000 вакцини, туку и ја надминавме. Во текот на овој ден достигнавме 11.487 вакцинирани, изјави Манастирлиу.

Најави дека процесот на вакцинација ќе се интензивира низ целата земја, за да се вакцинираат сите посочени групи, според националниот план за вакцинација.

– Ќе продолжиме во текот на целиот овој период со интензивирање на процесот на вакцинирање, продолжување на вакцинацијата на наставниците, педагозите, воспитувачите на градинките. Исто така продолжуваме и со масовната вакцинација на возрасната група на лица над 70 години или во здравствените домови или во отворените пунктови за тоа, рече Манастирлиу.

Таа апелираше до старите лица да контактираат со матичните лекари кои ќе им соопштат место, датум и термин за вакцинација, бидејќи тие го имаат електронскиот регистар и преку него се издава целиот список на возрасните лица кои треба да се вакцинираат.

Министерката и денеска беше во посета на пунктовите на плоштадот „Скендербег” во Трана, каде поразговара со лицата кои чекаа да бидат вакцинирани и им порача дека „земјата е чекор до победа”.

Од 11 јануари кога почна процесот на вакцинација, во Албанија имунизирани се 78.000 лица, здравствен персонал, стари лица и просветни работници. Како што претходно најави премиерот Еди Рама, до јуни, според националниот план за вакцинација, со овој процес ќе бидат опфатени половина милион лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот