ПРСТЕН ВРЕДЕН НАД 600.000 ЕВРА: Откако ја тргна ракавицата многумина останаа шокирани! (ФОТО) – Слободен печат
ЕспресоШоу биз

ПРСТЕН ВРЕДЕН НАД 600.000 ЕВРА: Откако ја тргна ракавицата многумина останаа шокирани! (ФОТО)

Имено Меган го покажала новиот веренички прстен, две години откако Хари и го подари првиот. Погледнете како изгледа...

Хари во 2017 година својата избраничка ја вери со прстен кој на себе имаше два дијаманти од личната колекција на неговата покојна мајка – принцезата Дијана.

Неодамна Меган Маркл на традиционалниот настан „Поздрав на боите“ во Лондон се појави за прв пат по породувањето, а јавноста збуруваше за нејзиното впечатливо издание.

Но, кога Меган ги тргна ракавиците следеше вистинско изненадување, а британските медиуми тоа го пренесоа дури сега…

Имено Меган го покажала новиот веренички прстен, две години откако Хари и го подари првиот.

Првичниот прстен имаше полн круг од жолто злато, два мали скапоцени камења кои веќе ги споменавме и еден голем дијамант кој го избрал самиот принц Хари, а го набавил во Боцвана, што беше и една симболика, со оглед на тоа дека таму беше нивното прво заеддничко патување.

Кога точно Меган Маркл решила да ги направи промените не се знае, но веројатно тоа го направила во текот на бременоста, кога не го носеше, а многумина беа уверени дека тоа е така поради надуеноста.

Сега златниот дел на кругот од прстенот е заменет со низа од неколку дијаманти.

принтскрин

Се верува дека и тоа е подарок од принцот Хари, овој пат за годишницата од бракот, и дека цената на оваа обнова чини околу 4.000 фунти. Британските медиуми пренесоа дека ова е само делче од колекцијата накит на Меган Маркл за која се верува дека содржи повеќе од 90 парчиња накит и вреди повеќе од 600.000 фунти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close