Протести во САД поради пресудата за убиството на Бријана Тејлор (ВИДЕО+ФОТО)

epaselect epa08695613 A motorist drives through a crowd of protesters in Hollywood during a demonstration held to demand justice for the death of Breonna Taylor after the results of a grand jury indictment of former Louisville police officer Brett Hankison; in Los Angeles, California, USA, 24 September 2020. Hankison was involved in the death of Breonna Taylor in Louisville, Kentucky, USA. Two other officers involved were not charged. EPA-EFE/Kyle Grillot

Протестите против расизмот во повеќе американски градови, како Луисвил, Лос Анџелес, Сан Франциско продолжија и синоќа, втора вечер по ред, откако тројца полицајци беа ослободени од обвиненијата за убиството на Афроамериканката Бријана Тејлор.

Протести по пресудата за смртта на Бриана Тејлор / 24 септември, Лос Анџелес, Калифорнија, САД / Фото: PA-EFE/Kyle Grillot
24 септември, Лос Анџелес, Калифорнија, САД / Фото: PA-EFE/Kyle Grillot

Откако стапи во сила полицискиот час и полицијата ги прогласи собирите за незаконски, група од 300 демонстранти маршираа низ градот и застанаа пред Првата унитаристичка црква.

Некои демонстранти ги искршија прозорците на неколку локални бизниси и болници. Но, собирот пред црквата беше мирен во споредба со претходната вечер во најголемиот град во американската сојузна држава Кентаки.

„Најмалку 24 лица беа уапсени во текот на ноќта под обвинение за нелегално собирање и бунт од прв степен”, соопшти полицијата во Луисвил. Двајца полицајци беа ранети со огнено оружје првата вечер на протестот, кога полицијата уапси 127 лица.

Двајцата полицајци се во стабилна здравствена состојба.

Тројцата полицајци, кои упаднаа во станот на Афроамериканката Бријана Тејлор за време на рација во Луисвил на 13 март и ја усмртија со огнено оружје, во средата беа ослободени од обвинението за нејзината смрт, што повторно предизвика протестни собири на улиците на најголемиот град во американската држава Кентаки.

Џонатан Метингли и Мајлс Косгроув беа целосно ослободени од каква било вина, додека Брет Ханкинсон е обвинет за загрозување од небрежност на човечки животи затоа што некои од неговите истрели го загрозија семејството во соседниот стан.

Протест поради ослободувањето на полицајците кои ја усмртија Бријана Тејлор/ Луисвил, Кентаки, 24 септември 2020/ Фото: EPA-EFE/Kyle Grillot

Тројцата полицајци, кои не носеле униформи за време на рацијата поврзана со нелегална продажба на наркотици, на 13 март, нешто по полноќ, ја разбудиле 26-годишната медицинска сестра и нејзиниот партнер Кенет Вокер и користеле т.н. „овен” со кој упаднале во станот, за што имале важечка судска наредба под сомнение дека станот е местото каде што поранешниот партнер на Бријана Тејлор и осуден дилер на дрога Џамаркус Гловер добивал пакети.

Партнерот на Бријана испукал предупредувачки куршум, бидејќи полицајците не се идентификувале и мислел дека станува збор за криминалци.

Градот Луисвил на семејството на Бријана ќе исплати 12 милиони долари отштета за отфрлање на тужбата против полицајците. 

Протести по пресудата за смртта на Бриана Тејлор / 24 септември, Лос Анџелес, Калифорнија, САД / Фото: PA-EFE/Kyle Grillot
Протести по пресудата за смртта на Бриана Тејлор / 24 септември, Лос Анџелес, Калифорнија, САД / Фото: PA-EFE/Kyle Grillot
Протести по пресудата за смртта на Бриана Тејлор / 24 септември, Лос Анџелес, Калифорнија, САД / Фото: PA-EFE/Kyle Grillot
Протести по пресудата за смртта на Бриана Тејлор / 24 септември, Лос Анџелес, Калифорнија, САД / Фото: PA-EFE/Kyle Grillot
Протести по пресудата за смртта на Бриана Тејлор / 24 септември, Лос Анџелес, Калифорнија, САД / Фото: PA-EFE/Kyle Grillot
Протести по пресудата за смртта на Бриана Тејлор / 24 септември, Лос Анџелес, Калифорнија, САД / Фото: PA-EFE/Kyle Grillot
Протести по пресудата за смртта на Бриана Тејлор / 24 септември, Лос Анџелес, Калифорнија, САД / Фото: PA-EFE/Kyle Grillot
Протести по пресудата за смртта на Бриана Тејлор / 24 септември, Лос Анџелес, Калифорнија, САД / Фото: PA-EFE/Kyle Grillot
Протести по пресудата за смртта на Бриана Тејлор / 24 септември, Лос Анџелес, Калифорнија, САД / Фото: PA-EFE/Kyle Grillot
Протести по пресудата за смртта на Бриана Тејлор / 24 септември, Сан Франциско, Калифорнија, САД / Фото: EPA-EFE/
Протести за пресудата на Бриана Тејлор / 24 септември, Лос Анџелес, Калифорнија, САД / Фото: PA-EFE/Kyle Grillot
Протести по пресудата за смртта на Бриана Тејлор / 24 септември, Лос Анџелес, Калифорнија, САД / Фото: PA-EFE/Kyle Grillot

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот