Протести во Индонезија на денот на годишнината на Западна Папуа
Стотици граѓани на Западна Папуа денеска се собраа да протестираат во најмалку осум индонезиски градови, барајќи независност, соопшти сепаратистичката група која во егзил формираше „привремена влада”.
Протестите беа организирани на 59-годишнината од денот кога Западна Папуа побара независност од Холандија, што доведе до контроверзен референдум осум години подоцна, со кој покраината беше ставена под индонезиска контрола.
Демонстрантите, повеќе од 100 студенти, носеа транспаренти со кои се бараше право на самоопределување, а протестите се совпаднаа со изјавата на Обединетото движење за ослободување на Западна Папуа дека е формирана привремена влада во егзил, предводена од лидерот на опозицијата во егзил Бени Венда.
Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Индонезија изјави дека статусот на Западна Папуа како дел од Индонезија, наследничка на холандската држава, е конечен и дека процесот на интеграција е надгледуван од Обединетите нации.
Минатата година имаше повремени и смртоносни напади во Западна Папуа, во кои се судрија безбедносните сили и староседелците, а ОН во понеделникот изразија загриженост за ескалацијата на насилството во регионот.
Извор.МИА