Протести во Белорусија, Тихановскаја ќе биде симболично инаугурирана за претседател (ФОТО+ВИДЕО)

 Нови протести се очекуваат денеска низ Белорусија, каде активистите ги повикуваат жителите да излезат на улиците, по инаугурацијата на Александар Лукашенко за претседател со новиот мандат, што го оспоруваат демонстрантите.

Демонстрантите ширум треба треба симболично да ја номинираат опозициската лидерка во егзил Светлана Тихановска за претседател на „инаугурацијата на народот” во 13 часот.

Транспарент на протестите: Света (Светлана) на крајот од тунелот/ Минск, 26 септември 2020/ Фото: EPA-EFE/STR

Униформирани мажи вчера уапсија десетици жени на протест во Минск, според група за човекови права.

Уапсени жени на протестите/ Минск 26 септември 2020/ Фото: EPA-EFE/STR

Противниците на Лукашенко се надеваат на повеќе демонстранти денеска, по неговата ненајавена инаугурација во средата. Лукашенко тврди дека освоил 80 проценти од гласовите, но критичарите и многу меѓународни набудувачи велат дека изборите биле наместени.

Европската унија неделава издаде соопштение во кое се наведува дека изборите на 9 август не биле „ниту слободни ниту фер” и дека нема да го признаат Лукашенко за претседател.

Белорусија ги обвини западните земји пред Генералното собрание на ОН вчера дека се обидоа да посеат „хаос и анархија”.

Прочитајте и...  Димовски: Нема што да се дебатира за онлајн седници, Уставот е јасен
Марш на солидарност /Минск, 26 септември 2020/ Фото: EPA-EFE/STR

Повеќе од 12.000 луѓе се уапсени откако претседателот Лукашенко беше прогласен за победник на изборите. Шеесет и шестгодишниот Лукашенко управува со Белорусија од 1994 година.

САД, Велика Британија и Канада се очекува наскоро да воведат санкции за белоруски лица.

Поврзани вести

ВИДЕО: Од што заболуваат американските дипломати во Русија и Куба? Сè започнува со губење на слухот

Маријана Митровска

Уште еден велешанец ја загуби битката со коронавирусот

Слободен печат

Детали: Волонтерот кој умре на тестирањето на Оксфорд вакцината, примил друга вакцина

Слободен печат

Алиев: Азербејџан презеде контрола над 22 места во Нагорно-Карабах

Слободен печат

Рамадани: Изјавата на Каракачанов е сериозна, но и апсурдна

Слободен печат

Нагорно Карабах останува воена зона: Турција е подготвена да испрати војска во Азербејџан

Слободен печат

Остави Коментар