Совет на обвинители - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Совет на обвинители - Фото Слободен печат - Методи Здравев

Пропадна изборот за шеф на Вишо обвинителство – републичкиот обвинител предложи обвинителка чие име се спомнуваше во „бомбите“

Ниту еден од четворицата кандидати кои се пријавија за шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје, Фатиме Фетаи, Владимир Милошески, Артан Ајро и Јасмина Костеска Здравеска не го добија потребниот број гласови на седницата на Советот на јавните обвинители. Иако на огласот првично се пријавија седум кандидати, останаа четворица бидејќи обвинителите Џељал Бајрами и Трајче Пеливанов се повлекоа, а обвинителот Александар Маркоски беше унапреден од скопското обвинителство во обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Пред гласањето дел од членовите го кажаа својот фаворит, па така членката Светлана Стојковиќ рече дека за шеф на Вишото обвинителство според неа требало да биде кандидат кој се повлекол, мислејќи на обвинителот Трајче Пеливанов, па од останатите се одлучи за обвинителот кој го затвори случајот со сомнежите за фалсификат на сертификатот на директорот на АНБ, Бојан Христовски, Владимир Милошевски. Републичкиот јавен обвинител пак Ненад Савески од пријавените кандидати ја предложи обвинителката Костеска Здравеска, чие име се споменуваше во „бомбите“ што ги пушташе поранешниот опозициски лидер Зоран Заев.

– Обвинител со интегритет и има вештини и како личност е препознаена во фелата како позитивна и добронамерна, тоа се важни карактеристики за една менаџерска функција – рече Савески.

Од медиумските архиви може да се најде нејзиното име во разговор меѓу поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков и Гордана Јанкулоска во кој зборуваат дека нејзиниот сопруг бил партиски кадар и дека поради неговата партиска послушност неговата сопруга била избрана за обвинителка во скопското јавно обвинителство. За Костеска гласаа четворица членови на Советот, но не доволно за да биде избрана за шеф на Вишото обвинителство како единствен кандидат кој не доаѓа од Вишото обвинителство.

Обвинителката од поранешното Специјално јавно обвинителство Фатиме Фетаи доби најмногу „воздржаност“ од членовите на Советот на јавни обвинители и јавно единствено ја поддржа членот Ермон Незири. Три гласа доби обвинителот Ајро кој исто така беше дел од поранешното СЈО, а само еден глас обвинителот Милошевски.

Вишото јавно обвинителство има В.Д. раководител, Наташа Крстевска Цалева откако оставка поднесе поранешниот шеф на Вишото јавно обвинителство Мустафа Хајрулахи, за кого се водеше дисциплинска постапка во Советот на јавни обвинители. Во вишото обвинителство се водеше „војна“ меѓу Хајрулахи и дел од обвинителите и стручните соработници во ова Обвинителство и се поднесуваа кривични и контра кривични пријави.

На тоа упатува и прислушуваниот телефонски разговор на Сашо Мијалков со Гордана Јанкуловска во кој прво се потврдува дека Вецко Здравески е партиски кадар, со учество на партиски состаноци, а клучното е дека поради неговата партиска послушност неговата сопруга, обвинителката Здравеска била избрана за јавна обвинителка во Основното обвинителство Скопје. Токму Мијалков и Јанкуловска договораат нејзин избор за обвинител.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот