Пронајдена дрога кај двајца охриѓани

Пронајдени дрога/ фото: МВР
Вчера, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, ги лишиле од слобода И.Д.(45) и Д.Д.(45), двајцата од Охрид.

При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и повеќе банкноти денари и евра за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот