Прогласена вонредна состојба во цел Израел

Израелски војници во акција во Сдерот - Фотографија ЕПА, Атеф Сафади

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галан синоќа ја прошири на целата територија на Израел вонредната состојба што беше прогласена само во критичните региони кон Газа.

Министерот претходно прогласи вонредна состојба во радиус од 80 километри околу Појасот Газа, по ненадејниот баражен ракетен напад врз Израел и организираниот и координиран упад на вооружени групи на Хамас од копно, преку море и со едрилици.

Вонредната состојба ѝ дозволува на израелската воена команда да ги ограничи собирите и да затвора области во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот