Продолжуваат проблемите за Анчелоти: Реал викендов без Бензема

Фото: EPA-EFE/MARISCAL

Реал Мадрид е се подалеку од титулата во шпанската Ла Лига, а една од причините веројатно е што освојувачот на „Златната топка“, Карим Бензема никако не успева да ја пронајде вистинската форма.

Францускиот напаѓач од почетокот на сезоната се мачи со проблеми со повреди и Анчелоти без него ќе биде и за викендот кога „кралевите“ ќе играат со Еспањол. Олеснителна околност за Реал е што Бензема веројатно ќе биде спремен за реваншот од осминафиналето против Ливерпул.

Досега алтернатива за Бензема најчесто беше Родриго, но „Марка“ најавува дека Анчелоти викендов би можел да изненади со младиот Алваро Гонзалес на позицијата „деветка“.

Бензема во последно време има сериозни проблеми со повредите, а го пропушти и Мундијалот во Катар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот