Продолжуваат консултациите за законот за јавно обвинителство

Од Министерството информираат дека целта на тие средби е обезбедување консензус и двотретинско мнозинство.

Во текот на денов ќе продолжат билатерални средби со претставниците на пратеничките групи на кои се разгледуваат нивните амандмани за законот за јавно обвинителство, потврдија за МИА од Министерството за правда.

Од Министерството информираат дека целта на тие средби е обезбедување консензус и двотретинско мнозинство.

Законот за јавно обвинителство бил тема и на сребата на групата независни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ со амбасадорката на САД Кејт Мари Брнс.

-Одржав продуктивна средба со групата независни пратеници денеска, за важноста од поддршката на континуираните реформи, вклучувајќи го и законот за јавното обвинителство, кој ги унапредува целите за владеење на правото, транспарентност, одговорност и добро владеење, напиша на својот Твитер профил Брнс.

По последната средба на работната група во петокот, некои пратенички групи викендов доставиле амандмани за законот за јавно обвинителство, а некои замолиле за дополнително време за да ги формулираат заради обврските што ги имаа со Жан Моне дијалогот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот