Продолжува мистеријата со Кејт Мидлтон: Ниту најблискиот персонал во палатата не ја видел или разговарал со принцезата по операцијата

Кејт Мидлтон со децата / Foto: Printskrin Instagram The Prince and Princess of Wales

Во последните неколку недели британската јавност е загрижена за нивната омилена принцеза Кејт Мидлтон, која не е видена во јавноста по операцијата на абдомен. Како што дознава „Ју-ес викли“ од извор, таа не била видена ниту од нејзиниот најблизок персонал во палатата.

„Неколку од постарите вработени на Кејт не можеа да ја видат или да разговараат со неа, а не ни знаеја за операцијата додека палатата не ја објави веста, беа изненадени. Само малкумина знаат што всушност се случува, но молчат за тоа“, изјавил изворот за странскиот медиум.

Да потсетиме, принцезата во средината на јануари отиде во болница на планирана операција на абдоменот. Оттогаш не е видена во јавноста, а минатата недела објави фотографија со своите деца. Сепак, многумина забележаа дека фотографијата е монтирана, а никому не му е јасно што всушност се случува со принцезата Кејт Мидлтон.

На интернет кружат многу теории на заговор, а поради вревата што ја предизвика фотошопираната фотографија на Кејт, Инстаграм воведе предупредувања за монтираните слики.

ФОТО| Спорната фотографија на Кејт Мидлтон со децата не е прво фијаско, една и претходно привлече внимание

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот