Продолжува хуманитарната акција на АПЕКС Македонија со донација од 20.000 евра за Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби

Универзитетска Клиника за Инфективни болести и фебрилни состојби доби донација со дезинфикциони средства во износ од 20.000,00 евра од компанијата АПЕКС Македонија, со што се заокружи циклусот на донации на оваа клиника со вкупна вредност од 40.000,00 евра.Оваа донација е дел од хуманитарната кампања на компаниите членки на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа кои реализираа низа активности со цел да помогнат на здравствениот систем кој е соочен со борбата против пандемијата од КОВИД-19 вирусот.

Веруваме дека дезинфекционите средства како и болничките кревети кои беа донирани минатата недела во Универзитетска Клиника за Инфективни болести и фебрилни состојби, ќе помогнат полесно да се одвиваат секојдневните обврски на здравствениот и техничкиот персонал во оваа клиника и да се одржат соодветните услови за нашите граѓани кои се борат со овој немилосрден вирус.

Циклусот донации на АПЕКС Македонија и Групацијата НОВОМАТИК во Македонија (Адмирал, Астра и Казино Фламинго Хотел), чија вкупна сума изнесува 200.000,00 евра, продолжуваат во наредниот период.


Комерцијален текст

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот