„Призма“: Министерството на Груби има четирипати поголем буџет од Антикорупциската комисија и од Финансиската полиција

Артан Груби / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, кое постои нецели четири години, а со кое раководи вицепремиерот Артан Груби, лани имало вкупен буџет од околу четири милиони евра, кој годинава е поголем за околу 300 илјади евра, што според пишувањето на „Призма“, публикација на Балканската истражувачка репортерска мрежа (БИРН), е приближно четирипати повеќе од буџетот што го имаат Антикорупциската комисија или Финансиската полиција.

– Во Министерството, сместено во барокната зграда веднаш до МНР во центарот на Скопје, лани работеле 354 луѓе, а годинава, според предлог-буџетот, таа бројка би можела да се зголеми за уште 69, што значи дека вкупно би работеле 423 лица. Покрај нив, Министерството плаќа дополнителна работна сила. Имено, само во текот на 2022, во четириесетина наврати, преку две авторски агенции „Артпицк“ и „Лиценца МК 2000“ се исплаќани различни износи: Oд 22 илјади денари до над 300 илјади денари месечно за „други договорни услуги“, што е шифра под која, најчесто, се водат хонорарните ангажмани – пишува „Призма“.

БИРН пресмета дека само по оваа основа, од Министерството за една година, поточно, лани биле исплатени околу 160 илјади евра.

– Сепак, кој и за што бил ангажиран дополнително во Министерството останува тајна, бидејќи сите обиди на БИРН да добие податоци за дополнителните ангажмани останаа безуспешни – се вели во текстот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот