Приведено 16 годишно момче кое уценувало врсничка

Малолетник на 16 години од Тетово е приведен поради уцени врз врсничка, на која и барал пари за да не објави компромитирачки материјали. Случајот вчера во полиција го пријавила 44 годишната мајка на девојчето.

-Таа пријавила дека преку кориснички профили на социјалните мрежи на нејзината малолетна ќерка, едно лице ја уценувало дека, доколку не му исплати одредена сума пари, ќе објави фотографии со компромитирачка содржина. Истиот ден во 14.30 часот на улица „Штипска” во Тетово од слобода бил лишен 16-годишен малолетник Тетово, кој се сомничи дека е извршител на пријавеното дело, соопшти СВР Тетово.

Во декември 2019 СВР Тетово евидентираше случај во кој 26 годишна жена го пријави поранешниот сопруг кој и барал пари за да не објави одредени компромитирачки материјали откако и го одзел телефонот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот