Приведена жена во Загреб која лажела дека е лекар и медицинска сестра

Unsplash
Unsplash

Од загребското Обвинителство велат дека и е одреден притвор поради можноста да го повтори делото.

Судија од Окружниот суд во Загреб одредил притвор за 48-годишна жена која лажно се претставувала како лекар и земала пари од пациентите, а кога се претставувала како медицинска сестра изнајмувала станови и не плаќала закупнина за нив.

Од загребското Обвинителство велат дека и е одреден притвор поради можноста да го повтори делото.

Според Обвинителството 48-годишната жена од 4 септември лани се до 7 одој месец, лажно се претставувала како медицинска сестра и изнајмувала станови во Загреб во кој престојувала, а потоа си заминувала без да плаќаат трошоци и сместување.

Исто така, постои сомневање дека лажно се претставила како лекар и договорила болнички третмани и дијагностички третмани, а земала пари од оштетените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот