Приведен скопјанец кој ограбил спортска обложувалница

Апсење /Фото: Профимедиа

Триесет и едногодишен скопјанец е приведен вчера, откако се сомничи дека извршил пет кражби меѓу кои една во спортска обложувалница.

„Вчера (07.11.2023) полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево го лишиле од слобода У.Ш. (31) од Скопје. Тој се сомничи дека непосредно претходно во спортска обложувалница на подрачјето на Центар, со закана кон вработената одзел пари. Кај него биле пронајдени пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело, по што У.Ш. е приведен во полициска станица. По преземени мерки и активности, тој се сомничи дека на подрачјето на Скопје извршил дополонителни пет кривични дела“, информираат од МВР.

По целосно документирање на сите кривични дела од страна на ЕВР Центар и Бит Пазар, против сторителот до ОЈО Скопје ќе биде поднесена кривична пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот