Приведен осуденик за доиздржување затворска казна

Фото: Архива

Струмичката полиција ноќеска околу 1 часот по полноќ во село Ангелци, Струмичко, го лишила од слобода Д.П.(21) од село Ангелци, баран за доиздржување затворска казна.

-Тој бил осуден на казна затвор од три години за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено поправна установа – Затвор Струмица за доиздржување на две години и пет месеци од казната, информираат од МВР.

Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот