Приведен осомничениот за нападот во њујоршкото метро

Фото : Твитер

Осомничениот за вчерашното пукање во њујоршкото метро е уапсен во Менхетен, соопшти њујоршката полиција. Станува збор за 62-годишниот Афроамериканец Френк Џејмс кој според полицијата се сомничи дека ја извршил престрелката во подземната железница во Њујорк во која беа повредени најмалку 16 лица.

Според американските медиуми состојбата со повредените од вчерашниот настан се стабилизира и се очекува сите лица да ги преживеат повредите, соопшти полицијата, додавајќи дека напаѓачот веднаш побегнал од местото, дека најверојатно дејствувал сам и дека се уште не е познат мотивот за нападот.

Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, изјави за Ви-си-би-ес Радио дека дел од истрагата покажала дека има дефект во системот на камерите за надзор и дека деновиве се очекува целосно расветлување на случајот. Адамс посочи дека службите се обидуваат да утврдат дали само една камера била расипана или дали камерите се расипале на целата станица на метрото.

 

Тој додаде дека е во контакт со службата која стопанисува со метрото и наскоро треба да се знаат повеќе детали. Началникот на полицијата Кичант Севел изјави дека засега настанот не се третира како терористички напад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот